Човек стар 70 години кој целиот живот се занимавал со сточарство, поточно овчарство, добил пензија од државата како подарок, доволна за да преживува.
Една новинарка на доделувањето го замолила да и раскаже еден дел од својот живот, кој нема никогаш да го заборави и кој ќе му остане засекогаш во сеќавање.
Старецот ја започнал приказната: „Имав 20 години и наидов на куче во шумата. Го земав со себе и си го присвоив. Поминуваа месеци, а комшиите почнаа да ми зборуваат дека сè повеќе личи на волк и дека треба да се ослободам од неа. Бев млад и не сакав никого да слушам, таа ми беше многу приврзана, каде и да одев, одеше со мене и ме чекаше. И така поминуваа годините…
Еден ден прилегнав да се одморам, кога низ сон слушнав некаква бука, ржење и викање. Додека дојдов на себе и станав, се беше стишило. Излегов надвор и го видов целото стадо овци заклано, а волчицата цела во крв седи и гледа право кон мене, малку од страв малку од бес.
Се стрчав во куќата, ја зедов пушката и ја убив тука на лице место.
Не знаев што да правам со овците па ги викнав комшиите да ги однесат додека месото не се расипало и усмрдело. Како што ги собираа овците, меѓу нив пронајдоа три заклани возрасни волци.
Дури тогаш сфатив што направив…